Биното: Не е фер да се сомневам во брзината на Хонда

Првиот човек на Ферари, Матиа Биното, одби, макар на шега, да ги повтори коментарите на неговито возач Себастијан Фетел, а во врска со брзината на моторот на Хонда на штотоку одржаната трка во Бразил.

Откако ривалите силно се сомневаа во легалноста на моторот од Маранело, Себ не пропушти да се пошегува со Верстапен на прес конференцијата по квалификациите, велејќи дека неговата Хонда одеднаш станала многу моќна.

Второто место на Пјер Гасли кое следуваше по хаосот со сударот кој го направија возачите на Ферари, донесе доминантна 1-2 за Хонда.

не знам да објаснам што направиле хонда, но знам дека ние мораме да работиме за да се подобриме. многу се брзи, но да кажам дека сум изненаден не би било фер од моја страна – изјави биното.

Тој беше бесен на контактот кој го имаа неговите возачи по што двајцата испаднаа од трката, но и остана во прашалници од формата на болидот.

макс беше неколку десетинки побрз од нас и поради тоа имаме многу работа. сепак, намаливме дел од заостатокот од почетокот на сезоната, а победуваме кога имаме брз и издржлив болид.

ги идентификувавме слабостите и тоа ни дава надеж за следната година. ако добро ги проучиме и поправиме ќе напредуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ