Биното не му е омилен лик на Фетел

Себастијан Фетел има добри спомени од Маурицио Аривабене кој за него е еден највлијателните луѓе во неговата кариера во Ферари.

Германецот заминува од Скудерија по шест години со 14 победи зад себе и без титула. Астон Мартин е следниот тим за Фетел како замена за Серхио Перез кој најде место во Ред Бул.

Во интервју за италијански Sky, тој одговори на прашање, кој бил најважниот човек за него во Ферари, но поради природата на неговото заминување од Ферари каде тој мислеше дека ќе добие нов договор, а всушност не му беше продолжен истиот, името на Биното не се најде на листата.

Тој зборуваше за неговиот поранешен шеф и за неговиот инжинер за трка со кој работи уште од Торо Росо.

Рикардо Адами, кој работеше со мене без сомнение. Патував со него и најважно, тој ми беше столб бидејќи веќе се познававме. Тој ме разбира Во однос на перформанси на трка тој е најважен. Во големата слика Маурицио Аривабене. Мислам дека тој беше добро разбран.

Фетел зборуваше и за тешките односи меѓу Аривабене и Маркионе кој беше претседател на Ферари и извршен директор.

Не беше лесно да се работи со Маркионе. Тој беше посебен, правеше притисок и не беше милостив кон Маурицио. Аривабене има големо срце.

Фетел се раздели со добра мисла со Леклер за кој има позитивни зборови.

Тој е многу брз и талентиран. ТОј е во различен дел од кариерата, но Научив многу од него и тоа е интересно. Ме потсетува на мене пред 10 години.

Можам да кажам само добри работи . Секако оваа година беше тешка за мене и имав проблеми покрај возењето. Тој е силен и многу созреан за негова возраст. Го чека светла иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ