Биното: Новите правила не не “грабнуваат“

Скудерија Ферари не се целосно среќни и задоволни со новите правила кои од 2021 година ќе стапат на сила во врвната моторспорт тркачка серија и покрај тоа што италијанците се единствена екипа која го даде својот глас за новите правла на гласањето во Светскиот Мотор Спорт Совет.

гласавме за нив иако пакетот сеуште не не убедил и не не уверил целосно. еден глас ионак ништо немаше да значи и за нас немаше никака смисла да се противиме. рековме дека со вистинскиот пристап може да се “оправат“ работите – појасни матиа биното за германски Auto Motor und Sport.

Ниту една екипа до сега го нема потпишано новиот Конкорд договор, така што швајцарскиот инженер смета дека е вистинско време да се дополнуваат и допрецизираат правилата.

по нас треба да има одредени промени и за сега успеавме со некои работи како на пример трансмисијата и сопирачкиот систем кои нема да се стандардизираат, но и аеродинамиките правила кои нудат повеќе слобода. последниот пакет кој всушност беше изгласан секако дека е многу подобар од првично предложениот.

Една од работите на кои Ферари првично се противеше беше буџетското ограничување, а Биното сеуште е против истото затоа што смета дека ќе им наштети повеќе на останатите.

финансиските правила се многу сложени и ние сме во процедура на нивно тестирање и наоѓање начин како да продолжиме. ако треба да го намалиме бројот на вработени тоа ќе биде многу потешко за нас во италија одошто во другите земји затоа што не можеме едноставно да ги пратиме луѓето дома.

нашите вработени веројатно ќе се преместат во гт одделот или делот за патнички автомобили, но за таа задача имаме други специјалисти. секако следниот месец ќе биде клучен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ