Биното останува на своето: Треба да размислиме за обратен грид

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, верува дека Формула 1 треба повторно да размисли за трки со обратен стартен грид во иднина.

Луис Хамилтон беше приморан да стартува од последно место на спринтот во Интерлагос и беше феноменален претекнувајќи дури 15 болиди за 24 кругови кус спринт. Заврши на 5то место, но имаше дополнителни 5 позиции казна за главната трка која ја почна од 10та позиција и победи.

Швајцарскиот инженер верува дека перформансите на Хамилтон покажале колу би биле интересни трки со обратен грид за фановите и дека најбрзите болиди ќе имаат шанса за победа.

искрено, мислам дека е изводливо со оглед на тоа што се счучи во бразил и е многу забавно. треба да размислиме да имаме обратен грид во спринт формат, добро е да дебатираме – најави биното.

Спринтот е најавен за шест трки догодина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ