Биното: Перформансите не се клучни за промоција на јуниорите

Одлуката да се промовира еден од младите возачи на Ферари во Формула 1 за 2021 година нема да биде основана само на перформанси, изјави Матиа Биното, првиот човек на Скудерија.

Ферари има можност да го вметне еден од своите млади возачи во Алфа Ромео следната година доколку сметаат дека истиот е подготвен за предизвикот.

Мислам дека во Формука 2 годинава има многу одлични возачи. Ние имаме тројца од Академијата кои се борат за шампионска титула, Роберт Шварцман, Калум Илот и Мик Шумахер. Мислам дека сите се добри. Направија голем напредок. За Роберт ова е прва сезона во Формула 2 и нормално е потешко, но врши добра работа. 

Гледајќи напред, секој од нив заслужува место во Формула 1, Но вториот дел од сезоната ќе биде важен за нив, особено за Роберт, бидејќи е дебитант.

Одлуката нема да биде основана само на перформанси. Најважно за возач е да се види неговиот развој, а Шумахер покажува капацитет да се развива себе си и да напредува – појасни швајцарскиот инженер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ