Биното: Подобрувањата за Сочи нема да променат многу

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, вели дека малите подобрувања кои тимот ги планирал за Руското Гранд При нема да ја променат ситуацијата во тимот.

По еден од најлошите стартови, Ферари моментално е на шесто место во генералниот пласман кај конструкторите по првите девет трки од сезоната. Значително помалку коњски сили и недостаток на аеродинамична ефикасност, како и проблеми со сетапот, резултираа СФ1000 да заостанува драстично од нивните главни ривали. 

Ќе имаме мали подобрувања, но тоа нема да ја промени ситуацијата. Мислам дека заостануваме со формата моментално, а од некои причини премногу ги трошиме пневматиците. Овие подобрувања нема да го променат тоа.

Мора да го анализираме проектот, со подобра цел за 2021 година. Ќе биде потребно повеќе време за тоа – смета швајцарскиот инженер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ