Биното признава дека откажувањето на моторот е депресивно

Откажувањата на моторот на Ферари никогаш не се добра работа според кажувањата на шефот на екипата, Матиа Биното. 

Оваа сезона, иако Ферари се доста силни, имаат проблеми со стратегијата и откажувањата на моторот по што ја загубија предноста во генералниот пласман. 

Многу е тешко поради две причини. Кога се работи за откажувањата на моторите и тоа што јас го раководев тој оддел никогаш не е добро.

Малку е депресивно Кога водиш на трка како Шарл во Баку или Карлос во Австрија и откажува моторот – посочи инженерот.

Но, Биното изјави дека жалењето за една од неговите одговорности не носи добро и мора да се фокусираат. 

Останувам мирен, но на моменти сум депресивен. Треба време да се реагира и да се разберат следните чекори и што треба да се направи.

Во технички термини тоа е важно за тимот и како може да се помогне. Мора да останеме мирни и фокусирани и да се заштитиме од надворешни коментари. Очекуваме развој на хибридот пред да се замрзне развојот и работиме на тоа, но нема да биде пресвртница. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ