Биното признава: Ферари немаат магично решение

Фановите на Ферари се радуваа по пласманот на второ место на Шарл Леклер на Австриското Гранд При, но резултатот е најверојатно најдобар што може во моментов од Скудерија кои ќе бидат под голем притисок да се подобрат.

Одлично возење надополнето со среќните околности му овозможија на Леклер да се пласира на добра позиција во ситуација на намалување на штетата од страна на Ферари. За моменталниот развој на болидот Биното истакна кои се слабостите, но призна дека подобрување во моторот ќе биде тешко поради правилата за замрзнат развој.

Мора да го подобриме болидот, има некои недостатоци во корелацијата како што видовте со дизајнот, однесувањето на болидот, особено во аеродинамиката, почнавме со работа на тоа пред паузата и се надевам дека ќе го видиме тоа на патеката набрзо. Нема да биде конечно решение, нема магично решение, за нас е важно да го подобриме однесувањето.

Ако погледнам кон квалификациите, споредено со пол позицијата, ни недостасува секунда, три десетинки во свиоците, но потоа уште седум на правците и мислам дека тоа ќе биде многу тешко да се достигне.

Отпорот не е нешто на што ќе работиме набрзо, така што малку сме разочарани што нашата брзина на правците недостасува. Ќе ги анализираме податоците и ќе видиме што може да се стори во иднина – изјави Биното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ