Биното: Среќа што инцидентите се случуваат годинава

Шефот на Ферари, Матиа Биното смета дека неговата екипа е среќна што Себастијан Фетел и Шарл Леклер прават судари годинава за да сфатат што е потребно за следната тркачка сезона.

Швајцарскиот инженер верува дека неговите двајца возачи имаат добар однос еден со друг, но имаат и напнати моменти како колеги годинава особено она што се случи во Бразил викендов.

На почетокот од сезоната Матиа најави дека четирикратниот првак Фетел и ѕвездата во надоаѓање Леклер се луксуз на тимот, нешто во што сеуште верува.

сеуште сметам дека имаме луксуз да имаме двајца одлични возачи, многу добри возачи. двајцата претставуваат репер еден за друг, а ги видовме како се подобруваат во текот на сезоната. себ во вториот дел секако се подобри силно и беше многу брз.

се на се ние имаме луксуз. тоа што се случи во бразил би рекол дека е и среќна околност затоа што се случи сезонава и ќе имаме можност да се објасниме со нив за следната година ништо слично да не се повтори.

среќен сум што имаме можност за тоа што се случи за да се објасниме во иднина – појасни биното.

Незавршената трка со два болиди на италијанците не значи ништо затоа што веќе имаат теоретски обезбедено второ место во конструкторскиот поредок. Тимскиот шеф треба да ја постави врската помеѓу возачите на здрави нозе за да нападнат соодветно за титула догодина, а веќе најави дека сударот интерно ќе се менаџира.

Снимка од телевизиската камера покажа дека додека претекнувал, Себастијан се поместил во лево кон Леклер.

на крајот на краиштата треба добро да анализираме и да видиме кои биле причините, последиците и грешките. мислам дека е многу важно двајцата возачи да разберат што се случило, не во жештината на моментот и поради тоа ќе разговараме во маранело. не е мое да ги обвинувам, туку тие сами да сфатат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ