Биното: Фетел и Ферари победија на трката

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, вели дека екипата и Себастијан Фетел се победници на Канадското Гранд При иако казната на германецот го “бутна“ на втората позиција позади Луис Хамилтон.

Откако Фетел доби 5 секунди од стјуардите за небезбедно враќање на патеката, германецот не ја прифати одлуката и беше прилично вокален по тимското радио пред да продолжи да ја прикажува својата фрустрација на подиумот.

Биното го подржа својот возач и смета дека Ферари покажале победнички перформанси и покрај казната.

Ние победивме денес. Искрено мислам дека бевме најбрзи на патеката и тоа е важно.

Најпрвин, не зависи од нас да одлучиме за казните во спортот, но доколку погледнете кон публиката, сите веруваа дека тоа беше погрешно. Себастијан не можеше да стори ништо поинаку во таа ситуација. Не верувам дека тој имаше лоша намера со тоа што го направи.

Тој водеше во целата трка до крајот и за нас, тој е победникот. Како тим бевме конкурентни и се бориме за да победиме, така што ова е позитивно. Сезоната не е завршена.

Ова е добар знак за Фетел, за возач кој е гладен и кој докажа во квалификациите и денес во трката. Ние сите сме гладни и ова ќе ни помогне во следните неколку недели, месеци и трки.

Тој возеше на лимитот во секој круг и во секој свиок, направи грешка, враќајќи се на патеката немате грип по тревата и неможе ништо да направите. Тој тоа го направи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ