Биното ќе пропушти уште трки годинава

Откако шефот на Ферари, Матиа Биното, остана во Маранело за време на Турското Гранд При, инженерот најави дека ќе отсуствува на уште трки до крајот на сезоната.

ќе ги пропуштам и трките во мексико и во бразил до крајот на оваа сезона, затоа што сме во клучна фаза на проектот за 2022 година – изјави биното за италијанска Corriere della Sera.

На трки него го менува Лорен Мекиес, човекот кој беше одговорен во падокот во Истанбул, додека Биното е посветен на развојот и воведувањето на моторот за следната година кој се покажа одлично.

имавме навистина многу брз болид во турција и бевме блиску до ред бул и до мерцедес во однос на времињата по круг. сакаме да ги минеме мекларен во конструкторскиот поредок, а со брзина тоа ќе можеме и да го направиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ