Боери: 2025 година е последна за Монако

Според последните гласини, можно е трката во 2025 година во Монако да е последна во Кнежевството. 

Ова е предупредувањето на Мишел Боери кој е Претседател на славниот Автоклуб Монако од 1972 година. Договорот за трката низ улиците на Монте Карло истекува во 2025 година и сеуште не се зброува за продолжување. 

Доколку земја од блискиот исток плати 10 пати повеќе пари, толку од нас, Кои и да сме, готови сме – посочи боери.

Како близок соработник на Берни Еклстон, тој не е задоволен од раководењето на спортот. 

Американците ги интересира само понудата. Денес се справуваме со Бринкс. 

Се верува дека “Бринкс“ е синоним за американско комбе за пренос на пари како симбол на капитализмот. Боери ја очекува првата трка во Лас Вегас, а воопшто не бил импресиониран од трката во Мајами.

Мајами не беше успешна како што ја прикажуваат и зборуваат.  

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ