Болидите во 2021 ќе бидат 3 секунди побавни по круг

Шефовите на Формула 1 очекуваат новите болиди во 2021 година да бидат 3 секунди по круг побавни од моменталните, но сметаат дека тоа е цена на подобро тркање, повеќе дуели и претекнувања на патеката.

Потегот да се движат кон дизајн со земјен ефект, кој цели да им овозможи на возачите да се следат подобро, значи дека ќе има намалена потисна сила и зголемена минимална тежина.

Пред Американското Гранд При, главниот при ФИА за едноседи, Николас Томбазис, изјави дека според моменталните претпоставки ќе има зголемено време по круг, но инстистира дека пеформансите не се клучното прашање.

Очекуваме болидите да бидат 3-3,5 секунди по круг побавни, Но не веруваме дека тоа е клучен параметар на спектаклот. Тркањето е главната цел. Не сме се фокусирале на точното ниво на перформанси. Не може да прогнозираме точно колку потисна сила ќе има во однос на моменталните болиди, но ќе биде помалку.

дури и болидот кој е развиен во CFD (Computational Fluid Dynamics) и во воздушниот тунел веќе има значителни перформанси. Развиен е со уддел од релативно мал број на аеродинамичари и ограничени часови во тунелот споредено со нормална екипа.

Рос Браун од Ф1 верува дека спортот направил грешка во 2017 година кога се фокусирал на побрзи болиди. Тој вели дека враќање кон перформанси како во 2016 година нема да биде чекор назад бидејќи ќе се подобри тркањето.

Овие болиди од 2016 и 2017 година имаа огромно ниво на потисна сила, но вреди да се помисли на тоа, бидејќи е направено од причини кои не ги разбирам. Огромното зголемување на потисна сила беше за болидите да бидат побрзи. Но тоа што го имаме како резултат е полошо, бидејќи болидите не може да се тркаат едни со други.

Болидите се многу брзи, но нема тркање. Реалноста е дека перформансите на новите болиди е на ниво на 201 година и мислам дека никој нема да се жали ако се побавни.

Новите болиди имаат поедноставено предно крило со помало струење на воздух, како и долг дифузер под болидот за да се создаде земјениот ефект. Странични крила се забранети.

Суспензијата ќе биде поедноставена, а хидраулична суспензија ќе биде забранета. Греачи за пневматиците ќе останат во употреба за 2021 и 2022 година.

Како резултат на 18 инчните тркала, дополнителна безбедност и потешки агрегати во обид да се намалат трошоците, минималната тежина на болидот е зголемена од 743 килограми на 768.

Правилото за менувачката кутија е сменето со цел да се ограничи колку екипите ќе може да ја развиваат трансмисијата, со само еден целосен редизајн во период од 5 години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ