Болидот на Мекларен се развил по желба на Рикардо

Извршниот директор за тркачки операции во Мекларен, Андреа Стел, откри дека болидот на тимот се развил повеќе по желба на Даниел Рикардо, односно повеќе е адаптиран на неговиот стил на возење.

Австралијанецот се мачеше во првиот дел од сезоната да извади се од болидот, но по летната пауза е далеку подобар, а стигна и до победа на Италијанското Гранд При. Стела откри дека тимот научил многу од Рикардо при процесот на негово приспособување во екипата.

првиот дел од сезоната беше процес на учење за нас во тимот, имавме нов возач, многу талентиран возач кој се имаше докаано, но се мачеше во одредени сегменти при возењето на болидот. на пример, ландо единствено има искуство во нашиот болид и нема многу референци од друго место.

носење нов возач кој има искуство и може да спореди со други болиди кои ги возел многу ни помогна да разбереме некои од карактеристиките на болидот и секако драстично да го подобриме – откри стела.

Објаснувајќи ги крактеристиките кои ги подобриле, Стела додаде:

некои од карактеристиките се однесуваат на тоа колку остро болидот реагира на мали корекции во управувањето. го знаевме тоа уште од 2017 година кога ставивме широки гуми на болидите, беше јасно дека истите многу силно реагираа на најмали корекции во управувањето.

тоа може да биде добра карактеристика ако имате брзи кривини од 90 степени, но најголем дел од времето го прави болидот тежок за возење. поради тоаморавме да го адаптираме болидот.

доаѓањето на даниел во болидот ни покажа дека болидот многу се движи годинава. дел од учењето кое го добивме од него ќе го употребиме многу при конструкција на следниот болид. даниел е могу корисен за мекларен и дефинитивно болидот го подесуваме повеќе по негова елба во последно време.

Инженерот посочи и дека на Рикардо му требало време за да се навикне на новиот болид на Мекларен.

имаше многу работа во однос на адаптација на болидот која требаше да се заврши, а за тоа е потребно време затоа што болидите се многу брзи. не можете да возите и да размислувате модерна формула 1 како што тоа можеше до 2017 година.

поради сето тоа беше потребно време и анализата во текот на летото помогна во тој процес, да ги направиме потребните промени на различните стилови за да возењето дојде природно.

ако зборуваме за нашите очекувања и очекувањата на даниел, мислеиме дека ќе следува уште затоа што гледаме дека има патеки и ситуации кои сеуште не му доаѓаат природно и поради тоа сме среќни што се подобривме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ