Болидот на Хамилтон неоштетен од контактот со Алонсо

Мерцедес темелно го испитале болидот на Луис Хамилтон од Гранд При трката во Мајами и не нашле никакво оштетување од контактот кој по стартот го имаше со Фернандо Алонсо.

По стартот на трката околу Хард Рок стадинот, Луис тргна бавно и од позади беше удрен од Нандо кој сакаше да го мине, по што венаш се пожали на оштетување на својот болид.

хамилтон немаше оштетување на болидот. контактот беше помеѓу тркалата, како што често бидува, а инженерите веднаш ги разгледаа податоците, аеродинамичарите исто така работеа на подот и крилата, проверена беше и суспензијата за да се осигураме дека се е во ред. многу брзо на самата трка воочивме дека оштетување нема и болидот нема апсолутно никаков проблем – појасни техничкиот шеф, мајк елиот.

Седумкратниот првакја заврши трката на 7мо место зад својот колега Џорџ Расел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ