Борба меѓу телевизиите за пренос во Шпанија

Започна борбата за телевизиските права во Шпанија откако Карлос Саинз потпиша со Ферари и следната година ќе го вози најпосакуваниот болид на гридот.

Моментално Мовистар ги има правата, но договорт истекува на крајот од оваа година, но тие не се сами во борбата за продолжување на договорот откако се појави зголемен интерес и од ДАЗН. 

Можното враќање на Алонсо во Формула 1 предизвика дополнителен интерес за телевизиските права. 

Наша цел е да понудиме целосен пакет со МотоГП, Супербајкс, ВРЦ, ВЕЦ и Дакар. Со Формула 1 се затвора тој круг и се дава поголема вредност на пакетот.

Логично е да мислиме дека Формула 1 има голем интерес во Шпанија бидејќи ќе има шпанци на подимумот. Дорна ги има правата за МотоГП и Супербајк и веќе ни кажаа дека би сакале да поделат платформа со Формула 1. Тоа се посебни специјалности – изјави извор од ДАНЗ.

Се верува дека гледачите ќе треба да платат по 100 евра месечно на Мовистар за да добијат цел пакет со повеќе Формула 1. Британскиот стриминг сервис ДАЗН би понудил цена од 10 евра за истата услуга. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ