Ботас: Во Унгарија ќе бидеме подобри

Финскиот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, верува дека сеуште има многу енергија во него иако беше победен од својот колега, Луис Хамилтон на втората трка од оваа сезона.

Тој минатата недела освои пол позиција и победи со водство во текот на секој друг, додека овој пат тоа му припадна на неговиот колега. Ботас е водечки во шампионатот и е задоволен со тоа. 

Многу возачи се чувствуваат исто бидејќи ги полниме батериите долго време. Имам многу енергија, Многу работи се случија во приватниот живот минатата година и сега сум силен и сигурен – најави валтери

Ботас не е загрижен со победата на Хамилтон.

Моето темпо на трка беше добро и можев да се борам за победа доколку стартував од подобра позиција. 

ТоЈ изјави дека работи на нов возачки стил со кој треба да е побрз во бавни свиоци и тоа треба да се покаже во Унгарија. 

Работам да бидам подобар. Нема свиок каде Хамилтон беше побрз од мене.

Минатата година не беше така и сега ќе бидам уште подобар. мојот колега е многу силен во последниот сектор во Будимпешта, Но сега имам една цел за наредниот викенд, а тоа е да го победам.

Ботас изјави дека не му е жал што ги прекршил правилата со враќањето дома во Монако. 

Нема причина да кријам. Одам дома да седам со девојка ми и со мојот тренер. Може да се откажам од Формула 1 на неколку денови и да се вратам на виртуелните состаноци со тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ