Ботас го објасни напредокот на Мерцедес

Валтери Ботас верува дека последниот напредок на Мерцедес е поради начинот на подесување на болидот и балансот на работата. 

Во Турција, Мерцедес беше тимот кој треба да се победи бидејќи Ред Бул не можеше да му парира. 

Доколку го погледнеме болидот од почетокот на сезоната, истиот има подобар баланс. Тоа е најважното чувство, да е постабилен и подобро да се вози.

На почетокот на сезоната имавме неколку надградби, но се е до работата на конфигурирање на болидот и тој полесно да се вози – посочи финецот.

Мерцедес има добри последни трки, а Ботас верува дека не се далеку. 

Не мислам дека имавме големи чекори како тим. Очигледно го запревме развојот на болидот и имаме сличен болид на последните трки. Сеуште има нешто што може да се потсреди, но се зависи од патеките и размислуваме за тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ