Ботас е скроен за колега на Хамилтон

Иднината на Валтери Ботас во Мерцедес е подолго време под знак прашалник, но аналитичарот Џони Херберт смета дека финецот е токму тоа што “сребрените“ го бараат како колега на Хамилтон.

Финецот немаше добар почеток на овогодишната сезона и не успеваше да му се приклучи на својот колега во борбата против Макс Верстапен. По крајот на трката, Валтери беше уловен од камерите како му пристапува на Тото Волф жалејќи се на стратегијата, но тимскиот шеф изјави дека возачот едноставно не го надоместил заостатокот што го имал.

По слабото издание на Валтери, веднаш се појавија прашањата дали шампиоините погрешиле со тоа што го оставиле финецот во тимот особено по ланската сезона кога Џорџ Расел јасно им стави на знаење што може да направи со нивниот болид.

тоа што му се случува на валтери е ужасно, го напаѓаат од сите страни и велат дека не е доволно добар, но не е така затоа што има добри перформанси. понекогаш го победува луис, но му треба константност на трка, нешто што го нема.

но, дури и кога заостаунва зад својот колега, успева да го испорача тоа што мерцедес го бара од него, а тоа се силни поени во конструкторскиот шампионат и поради тоа е брилијантен. мислам дека не прави апсолутно никакви проблеми во екипата, а тото тоа го сака. мислам дека и луис го сака истото – смета херберт.

Многумина сметаат дека Расел треба д добие шанса што поскоро да вози во тандем со Хамилтон и да учи од најдобриот, но Херберт смета дека младиот британец може да биде проблем за Луис во освојување на неговта рекордна 8ма титула.

никој не сака проблеми и кавги, така што не е паметно во текот на сезонава да менуваат возачи затоа што може да направат проблем. џорџ може да испорача, го видовме тоа во бахреин, но валтери работи многу откако дојде во мерцедес и константно се подобрува.

сеуште не е доволно добар за да го победи хамилтон, но да не заборавиме дека е против луис, ретко кој може да му се спротистави на него, тешко е дури и за макс и шарл.

знаеме дека луис секогаш има џокер во ракав и има начин да најде 1-2 десетинки во секој круг и секогаш на тој начин е конкурент за победа. дури и на лош ден, ќе биде втор.

поради тоа сметам дека валтери одработува одлично во моментов, иако и џорџ беше феноменален во бахреин, но се зависи од одлуката на тимот.

Пред почетокот на сезоната, Валтери најави дека ќе биде себичен и ќе бара повеќе од тимот во борба против колегата, но Херберт се сомнева дека Хамилтон ќе му дозволи нешто повече.

ако вели дека ќе стане посебичен и ако навистина стане таков … мислам дека сите возачи се веќе ткви. но, за да успее таа своја себичност да ја практикува, треба истото да го стори во правилен момент. тој има брзина и талент, единствено константноста му недостасува.

но, го има луис крај себе, човек што секогаш ве освестува и ви вика дека тој е главен. замислете како е да вози во тандем со макс, како да ги ставите шумахер и сена во иста екипа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ