Ботас задоволен по една од најдобрите трки сезонава

Валтри Ботас има логичен план, а тоа е да го детронизира Луис Хамилтон следната година и да стигне до шампионската титула.

Финецот ја заврши сезонава со одлично возење и 4то место откако поради двојна промена на моторот ја почна трката како последен. Тој одлично ја почна сезоната, нешто што не беше карактеристично за него, но кон средина на истата “загуби здив“.

ми треба константност во текот на сезоната затоа што луис е секогаш на врвот и има максимално добри перформанси без разлика дали се работи за квалификации или пак за трка.

јас сум крај него најголем дел од времето, но не секој тркаки викенд и поради тоа треба да најдам баланс и начин да бидам на врвот почесто. сигурен сум дека ќе најдам нешто и како возач сигурен сум дека многу работи можам да ги подобрам.

ќе работам напорно во текот на зимата и сигурен сум дека ќе напредувам следната година. верувам во себе и во тимот и дури и покрај тоа што сега завршив 4ти, ова е одличен резултат за нас – смета валтери.

Ботас напредуваше низ поредокот на Јас Марина и дури стигна до топ 10 без користење на ДРС поради технички проблем на организаторите. Валтери пропушти подиум, но сепак смета дека трката е една од најдобрите за него.

беше навистина тешка трка и навистина давав се од себе, се што можев. морам да кажам дека пробивањето низ поредокот беше навистина многу забавно затоа што имавме одличен болид и не беше воопшто лесно.

речиси 20 кругови возевме без дрс што беше тешко да се напредува низ поредокот, но мислам дека можам и подобро и повеќе, иако сепак сум задоволен со трката.

секако дека ќе беше поубаво да бев на подиумот, но дадов се од себе и мене тоа ми е важно. ова беше една од моите најдобри трки во сезоната – заврши ботас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ