Ботас за изборот на Алфа Ромео: Не беше лесно

Валтери Ботас откри дека имал некакво претчувство во однос на Алфа Ромео што го натерало да потпише за нив за оваа година, наместо да се врати во Вилијамс од каде ја почна својата Формула 1 кариера.

Со последната трка од минатата сезона извозена во Абу Даби, финецот го заврши својот петгодишен престој во Мерцедес во кој стигна до победи и два пати заврши на второ место во возачкиот поредок зад Луис Хамилтон. Но, “сребрените“ решија да го унапредат Џорџ Расел во фабричкиот тим, така што Валтери стана прекуброен.

Запрашан дали постоело можност да остане дел од семејството на Мерцедес и да вози за Вилијамс кои користат нивни мотори, Ботас откри:

да, постоеше таква опција. за мене имаше два долгорочни опции во тој момент, една беше вилијамс, друга беше алфа ромео – откри ботас.

Врза база на тоа што го видел во Хинвил и чул од Васур, Ботас решил да потпише за тимот кој користи мотори на Ферари.

се обидов да добијам колку што можам повеќе информации од двете страни, но и да го слушам моето предчувство. донесов одлука врз база на информациите кои ги имав.

не беше лесно и навистина сметам дека вилијамс напредуваат во моментов и им претстои одлична однина, но имав чувство дека алфа ромео е исправен избор за мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ