Ботас знаел за DAS уште пред една година

Валтери Ботас откри дека новата контроверзна иновација на Мерцедес за 2020 година, DAS системот, се развивал скоро цела година, што значи дека би било тешко за нивните ривали да создадат сопствена верзија.

Свесен бев за тоа веќе подолг период. Прв пат кога слушнав нешто околу тоа беше пред скоро една година. Тоа не е брз проект. Не е лесно да се изработи, дизајнира и да функционира. За нас, тоа беше прилично голем проект, така што е прилично тешко за другите тимови да направат копија.

Многу е добро да се биде во тим кој развива вакви системи и тоа говори многу за неверојатните умови во нашата екипа. Се надевам дека ќе имаме предност со истиот, но колку ќе биде голема е целосно поинакво прашање. Очигледно сме во добра позиција.

Со толку многу време и финансиски средства инвестирани во проектот, Ботас е убеден дека нема да биде забранет од ФИА.

Не сметам дека нашиот тим би почнал со дизајнирање и изработка на нешто кое сметале дека ќе биде забрането. Кога екипа ќе донесе нешто ново, секогаш ќе има дискусија дали е легално или не – вели Ботас.

Ферари веќе изјавија дека ќе го дискутираат системот со ФИА.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ