Ботас и Окон се приклучуваат на Виртуелната трка викендов

Валтери Ботас од Мерцедес и возачот на Рено, младиот Естебан Окон, ќе го имаат своето деби овој викенд на Виртуелната трка во Монако како дел од официјалната онлајн серија. Оваа трка ќе има најмногу активни Формула 1 возачи до сега и тоа вкупно 8. 

Ботас веќе доби симулатор во текот на овој месец и се подготвки за своето деби, а заедно со него сребрениот болид ќе го возиЕстебан Гутиерез. 

Окон веќе учествуваше на неколку настани во Гран Туризмо, а викендов Французинот ќе вози покрај Николас Прост за Рено. 

Албон, Леклер, Џовинаци, Расел, Латифи и Норис веќе се потврдени за старт на гридот и тие редовно се тркаат.

Напаѓачот на фудбалскиот клуб Арсенал, Пиер Емерик Обамејанг, ќе вози за Мекларен покрај Ландо Норис, а голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, ќе вози со Џовинаци за Алфа Ромео. Трката ќе биде во недела на 24 мај во 6 часот попладне. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ