Ботас и Хамилтон ќе возат повнимателно поради менувачот

Валтери Ботас најави дека тој и Луис ќе мора да возат повнимателно на Штаерското Гранд При во Австрија викендов, доколку подобрувањата во тренинг сесиите не го испорачаат решението за менувачката кутија.

Се претпоставува дека Мерцедес ќе имаат нови делови на својот болид во обид да го поправат проблемот. Запрашан дали тој и Луис ќе ги избегнуваат ивиците, Ботас го изјави следното:

Тимот се обидува да го поправи проблемот за овој викенд. Очигледно сме лимитирани со правилата и тоа колку може да сториме. Но проблемот е лоциран. Имам целосна доверба дека ќе го поправат, прашањето е само кога.

Во Петок ќе користиме нови сензори за да видиме што се случува. Но дефинитивно ќе мора да бидеме внимателни. Очигледно сакаме да ја завршиме трката и да освоиме поени.

Но, за тоа ќе знаеме по петочните сесии, да видиме како ќе се одвиваат нештата. Сепак, можно е да возиме поинаку, ќе видиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ