Ботас може да остане во Ауди

Валтери Ботас признава дека мора да напредува оваа година доколку сака место во фабричкиот тим на Ауди од 2026 година. 

Финецот оваа сезона се мачи зад воланот на Алфа Ромео и предизвика прашања за тоа дали сеуште сака да вози во Формула 1. 

Валтери е доста порелаксиран сега споредено со времето во Мерцедес, Но малку е нервозен по лоша трка – изјави неговата девојка, Тифани Кромвел.

Но сепак, колку и да звучи одлучен Ботас, сепак двајцата ги одложуваат своите планови да имаат деца. 

Ќе дојде време да се започне семејство, но сепак е рано. Тифани е целосно посветена на олимпијадата и јас имам важен проект со Алфа Ромео. Не го имаме променето планот за нашите кариери. 

Валтери е целосно посветен на Ауди кои почнаа да го превземаат Заубер. 

Мора да возите за фабрички тим или за енергетски пијалоци за да може да го освоите шампионатот. Ауди има важна цел. Можно е да сум со нив, Но планот е да бидеме успешни и подоцна да сме дел од Ауди. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ