Ботас најави 2.77 верзија од себе догодина

Валтери Ботас најави верзија 2.77 од себе за следната година кога ќе се обиде да го спрчи Луис Хамилтон да стигнедо својата 7ма титула, на начин на кој тој би го освоил својот прв наслов.

Финецот туку што ја заврши најдобрата своја сезона во Мерцедес на која финишираше на 2ро место во поредокот, а Ботас 2.0 доминираше во Малбурн и на почетокот сезоната беше сериозен кандидат да го детронизира Хамимлтон. Но, Луис шампионски влегуваше во ритам и беше класа за конкуренцијата оваа тркачка сезона.

Тој најавува нова верзија од себе, но се чини дека предивиците кои ќе следуваат догодина надвор од Мерцедес ќе бидат многу поголеми.

факт е дека конкуренцијата од топ три екипите следната година ќе биде многу пожестока. ионака да се победи луис е секогаш многу тешко, но следната година ќе мора да победивуам и други. знам дека во мене има брзина и способност и не ми треба чуда. треба само дино да подесам се, да речеме ботас верзија 2.77 – на шега објасни финецот.

Освен Австралија, Валтери победи и во Баку, Јапонија и Америка по што 2019 година стана најуспешна сезона во неговата кариера и чувствува дека силно напреднал.

имав одлична година со подобувања насекаде. секој дел од тоа што е потребно да се биде целосен возач и да се направи разлика за да се победува и да се стигнува до резултати и треба само да продолжам со тој напредок со тимот.

многу учев за себе и секако дека последната година по сите грешки претходно ми помогна да станам многу подобар возач. имаше викенди на кој јасно е дека можев повеќе така што има простор за напредок и подобрување. треба да откријам зошто понекогаш немав ритам и каде погрешив. повторно ќе работам темелно и во детали за да научам.

не можам да посочам една работа на која е се сконцентрирам освен можеби константноста во сезоната со моите перформанси, што влијае на тоа и фино прилагодување на деталите со тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ