Ботас незагрижен за својата лута радио порака

Валтери Ботас од Мерцедес не е многу загрижен за својата лута радио порака за време на Француското Гранд При и смета дека не претерал што јавно кажал дека не се сложува со стратегијата со една промена на гуми за време на трката.

Финецот изгледаше силно на почетокот на трката на Пол Рикар и ги следеше во чекор Хамилтон и Верстапен пред сбе, но Макс влезе по втор сет на гуми во 32от круг, а Мерцедес одбраа да останат на патеката и да ја бранат својата позиција.

Коцкањето на Ред Бул се исплатеше зато што победија, а стратегијата со една промена на гуми се покажа лоша за “сребрените“ затоа што Хамилтон загуби победа од Макс, додека Валтери загуби подиум од Перез.

Откако сфати дека трка со една промена на гуи е преконзервативен избор кој ги чинеше победа, Ботас нервозно реагираше преку тимското радио:

зошто да го **** никој не ме слуша кога викам дека трката ќе биде со две застанувања. **** пекол – нервозно “урлаше“ валтери.

По трката, тој појасни дека неговата нервоза била поради тоа што екипата не го следела планот од пред почетокот на трката кога било договорено да се вози со две промени, поради што се мачеше да остане на патеката во последните кругови.

победничка стратегија денеска беше онаа со де промени на гуми, но по трката е лесно да се каже како е. како екипа, ние премногу се фокусиравме да завршиме со една промена на гуми мислејќи дека тоа е најбрзо и најдобро.

последните 10-15 кругови немав грип од предните гуми така што се што правев е да го донесам болидот безбедно до крајот на трката. таа втора серија не беше воопшто забавна – откри финецот.

Запрашан дали смета оти претерал со пораката, тој изјави дека само го кажал тоа што го мислел.

само јасно кажав што мислам, предлагав две застанувања по свежи гуми уште на почетокот од трката, но екипата реши да се одработи со една промена и еве каде сме.

На крајот, финецот беше лесен плен најпрво за Верстапен, а потоа и за Перез кои лесно го минаа.

се чувствував како да стојам во место, едноставно така. секако дека давав се од себе и се обидов се што можам, сакав да завршам на подиум, но гумите беа целосно уништени.

мислев дека гумите ќе потраат малку подолго, тоа беше најголем проблем. мислевме дека со предните гуми ќе можеме да возиме речиси цела трка, но се излажавме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ