Ботас нема ништо против трансфер

Валтери Ботас дефинитивно останува во Мерцедес следната тркачка сезона откако годинава заврши на 2ро место во возачкиот поредок. Сепак, Луис Хамилтон се споменува дека ќе вози за екипата од Маранело во 2021 година, а и финецот нема договор за првата сезона од новите правила.

Во својата изјава за италијанска La Gazzetta dello Sport Валтери призна дека пазарот на возачи е целосно отворен во пресрет на 2021 година.

ќе има големи раздвижувања, но ако имам право да избирам, тогаш е јасно дека би останал во мерцедес.

верувам во работата која секој ден ја правиме и порди тоа станав се подобар возач, но во исто време отворен сум и за други работи.

не сакам д зборувам на таа тема пред дури и следната година да започне. ќе чекам и ќе видиме што ќе се случи – појасни ботас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ