Ботас не е изненаден од новите договори на возачите за по 2021

Валтери Ботас изјави дека не е изненаден од тоа што врвните екипи веќе имаат потпишано со возачи за по 2021 година. Како и многумина на гридот, така и Ботас, нема договор за по оваа година. Интересно е што топ тимовите како Ред Бул и Ферари потпишаа со Верстапен и Леклер, а се зборува и за нов договор за Хамилтон со Мерцедес.

Се е отворено во моментов, Но не сум изненаден. Леклер и Верстапен се млади и покажаа многу добри перформанси. Нема ризик со нив. Потребно е ова да се стабилизира пазарот.

Ботас се надева дека ќе продолжи со Хамилтон и нема проблеми со тешките трки и силниот колега.

Имаше мала тензија. Сега сме во можност да работиме заедно. Никогаш немавме големи проблеми. Здраво е да се тркаш и тимот е претпазлив со хемијата помеѓу возачите.

Ботас ги отфрли гласините за разделбата со неговата сопруга и тоа дека поминува доста време во Австралија со велосипедистката Тифани Кромвел.

Тоа е лична работа и нема ништо да изјавам. Некои работи сакам да ги задржам за мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ