Ботас не е сигурен дека се подобрил поради шасијата

Валтери Ботас верува дека е тешко да се потврди дека промената на шасијата со Луис Хамилтон му ги подобрила перформансите. 

Ботас беша најдобар на првиот тренинг во Франција, додка на вториот заврши на втора позиција. Тој се мачеше во Баку пред две недели каде се квалифкуваше на 10та позиција и заврши на 12то место. По силните перформанси во Франција, беше објавено дека Мерцедес ги заменил шасиите на Ботас и Хамилтон како дел од планираната ротација. 

Тешко е да се каже дека било до шасијата, Но дефинитивно иамв подобро чувство. Ова е различна патека и балансот беше подобар. Му верував повеќе на болидот – откри финецот.

Неговиот колега, Луис Хамилтон, беше трет најбрз во Франција и тврди дека не почувствувал разлка по промената. 

Иако бев во различна позиција од Монако и Баку, немавме проблеми. Не знам дали е до патеката или температурата, но мислам дека притисокот во гумите е повисок од претходно. Тешко е да се каже. Лизгавме наоколу и тоа беше проблем за сите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ