Ботас не се чувствува како победник во Мелбурн

Валтери Ботас сеуште има нереално чувство во врска со неговата победа на отворањето на сезоната односно на првата трка за Големата награда на Австралија.

Неговата победа на првата трка било најсјаен момент за него сезонава и најдобра трка, но до крајот победи уште само три пати и тоа во Баку, на Сузука и во американски Остин.

најдобар момент за мене годинава сеуште е мелбурн. трката беше чудна и кога ќе помислам од овој аспект како некој друг да возел. беше нереално и некако се чувствувам дека прелесно победив.

интересно чувство и дефинитивно моја најдобра трка и мое најдобро издание во недела. дури не бев нити на пол позиција, одлично тргнав од 2ро место, поведов и победив – се присетува ботас.

Ботас продолжува да биде “втора виолина“ во Мерцедес и чувствува дека продолжува да напредува во вистинска насока во пресрет на следната сезона.

целта секогаш е д се напредува со перформансите, така беше и од 2017 година така беше и лани кога на моменти чувствував како да назадувам.

сега сум на вистински пат, гледам подобрувања како возач, многу учам, само сезонава напредував силно. убаво е чувството да видите како во еден момент напорната работа се исплати.

кога ќе ја погледнам сезоната кога луис ја освои титулата, првичното чувство беше разочарувачко затоа што знаев дека повторно загубив шанса за титула и мојата цел не ја остварив. но, победите на трки ми помогнаа д се чувствувам добро.

позитивно гледам на сезоната поради се што направив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ