Ботас: Не смеам да си дозволам трки без поени

Финецот Валтери Ботас призна дека не смее да си дозволи уште трки без поени, како онаа на Силверстон, во неговата борба за титула со Луис Хамилтон. 

Ботас ќе завршеше на втора позиција на Британското Гранд При, но поради пукање на предната лева гума на четири кругови до крајот ја заврши трката без поени по загубената борба за 10то место и еден поен со Ферари на Себастијан Фетел.

Сега Хамилтон води со 30 поени предност по извозени 5 трки, а Ботас призна дека на ваков календар тоа не е дозволиво. 

Секако не е идеално. Доколку се оди по план ќе има уште 10 трки, Но сеуште не се знае. Очигледно најдобро е да се има поени цело време.

Ова е голема загуба што не може да си ја дозволам. Луис имаше одлична трка. Што да кажам, што да направам, Не може да се промени. Одам напред и верувам дека ќе биде добро – оптимист е валтери.

Ботас поголемиот дел од трката го помина блиску до Хамилтон, но во ниту еден момент не успеа да го притисне и д го нападне.

Има повеќе фактори за вакво откажување. Мала работа може да ја однесе до лимитот и Тешко е да се каже.

Имавме слично темпо, но кога си назад имаш помалку потисна сила и се трошат гумите. Пробав да ги менаџирам во исто време со Луис инаку немаше да можам да се борам за победа. сепак се случи. На крајот имав вибрации и беа се полоши, Но пукањето се случи ненадејно. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ