Ботас: Новите луѓе ќе ги решат проблемите на Алфа Ромео

Валтери Ботас верува дека вработени во тимот од Хинвил ќе ги решат проблемите кои ги имаат во моментов. 

Иако и тој е нов во тимот, сепак покажа одлична брзина, но поради проблемите со издржливоста не освои многу поени. Според него, тимот доста напреднал иако му недостасуваат ресурси кои работи да ги обезбеди, а на долг рок очекува решавање на проблемите. 

Ова е долг проект и сега фокусот е на наредната сезона иако носиме надградби во Јапонија. Научивме доста и сакаме да останеме на нозе.

Еден проблем е брзината на производство на деловите и Тоа мора сериозно да се сфати. Потребни ни се повеќе ресурси за нашите проекти да одат напред. Наредната година ќе имаме повеќе персонал и важно е тимот да расте – посочи финецот.

Ботас верува дека Алфа Ромео ќе најдат доволно персонал. 

Имаме добра структура и Во момнтов сме 500 луѓе, Но Вилијамс се 750 така што знаеме дека ни недостасува персонал. Буџетот за наредната година не е проблем. 

Финецот дојде од Мерцедес и задоволен е од предизвикот во Алфа Ромео. 

Ова е атмосфера со помалку притисок, Повеќе е тркачки тим отколку компанија и сите имаат иста мотивација. Стартот на сезоната ни даде поттик за да одиме напред. Сеуште имаме желба и не сме разочарани. Лани имавме цел да победуваме, а сега да сме во топ 10. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ