Ботас: Одбраната на Рикардо во Канада беше “на граница“

Валтери Ботас очекувал да биде запрашан за борбата со Даниел Рикардо на прес конференцијата во пресрет на Големата награда на Франција.

Ботас и Рикардо се тркаа неколку кругови во Монтреал пред две недели, а австрлијанецот од Рено доста кругови го задржа очигледно побрзиот Мерцедес зад себе. Финецот на крајот мина и заврши на 4то место, но сега изјави дека одбраната на Рикардо била блиску до лимитот кој го дозволуваат правилата.

мислам дека беше на лимитот од она што го дозволуваат правилата, но како што реков по трката, имав чувство дека беше само прашање на време кога ќе минам затоа што разликата во ритамот беше видлива. поради тоа не се жалев, но морам да признаам и дека беше забавно, иако беше по малку опасно.

мислам дека сите видоа дека тој ме чекаше да направам потег, а потоа правеше и тој, не сум сигурен дали тоа се третира опасно согласно правилата, но сигурен сум дека беше на самиот лимит.

борбата ќе стане дел од брифинот на возачите кога се анализираат случувањата од претходната трка и ќе видиме тогаш – смета ботас.

Рикардо откри дека многу уживал во борбата иако бил свесен дека ќе биде минат.

сакав да се борам колку што можам посилно за да го задржам зад себе, иако бев свесен дека ќе бидам минат.

некако изгледаше премногу лесно да го пропуштам иако можеби ќе беше подобро за моите гуми и мојата трка на крајот. сепак, сакав да се борам и знаев дека сум јасно побавен во таа борба. тој имаше посвежи гуми, побрз болид, а јас сакав да се пробам да го задржам колку што можам повеќе.

тоа беше еден вид личен предизвик за мене. во исто време бев свесен дека сите очекуваа да го пропуштам како побрз болид, но јас си реков ајде да направам нешто возбудливо. го држев зад себе неколку кругови, се борев колку што можев, мислам дека три кругови не можеше да ме мине.

сепак, беше убаво да се тркам со тие болиди кои победуваат толку многу последните години. секако дека имав агресија зад мене тие неколку кругови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ