Ботас: Пневматикот откажа сосема неочекувано

Валтери Ботас вели дека немал начин да знае дека пневматикот ќе откаже во последните кругови од Британското Гранд При.

Возачот на Мерцедес беше на второто место кога откажа неговиот лев преден пневматик, поминувајќи на стартно-целната рамнина. Тој мораше да извози цел круг со дупнат пневматик, по што ја заврши трката на 11то место.

Секако сум многу разочаран и несреќен. Забележав дека откажа пневматикот и морав да возам полека цел круг. Не беше идеално.

Знаевме дека ќе возиме долго со хард пневматиците. Во исто време се обидував да го притиснам Луис, Но на крајот имав се повеќе и повеќе вибрации. Го посочив тоа на тимот и си помислив дека има проблем. Почнав полека да ја менаџирам ситуацијата.

Но се случи наеднаш, не можев да го предвидам тоа. Нема што повеќе да се каже.

Следната недела, со помеки компоненти, сите ќе имаат проблем и сигурно нема да биде трка со едно влегување во бокс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ