Ботас: Повторување на 2018 ќе ме чинеше место во Мерцедес

Валтери Ботас смета дека тој ќе го загубел возачкото место во Мерцедес доколку се повторела 2018 година, но наместо тоа тој ја обновил љубовта кон тркањето која ја загубил минатата сезона.

Ботас не успеа да победи на трка во 2018 година, додека Хамилтон ја освои титулата, но имаше силна борба оваа сезона и водеше во пласманот на почетокот на годината во која победи на 4 трки. Мерцедес го поминаа летниот период разгледувајќи ја ситуацијата помеѓу Ботас и Естебан Окон, кој од тогаш потпиша со Рено, откако германците решија да продолжат со Ботас за 2020 година.

Ако имав слична сезона како во 2018 година, не верувам дека тимот ќе продолжеше со мене. Така функционира Формула 1. Сега имав повеќе забава помеѓу трките и ја чувствував љубовта кон спортот повторно, нешто што можеби загубив на крајот на минатата сезона.

Навистина уживам во возењето и ова беше важна сезона за мене. Сега можам лесно да кажам дека имам уште многу години пред мене и се надевам ќе продолжам со истиот развој – најави финскиот возач.

Ботас се пласираше на подиумот во 15 од 21 трка годинава, а таа бројка ќе беше повисока доколку немаше судар во Германија, грешка во Унгарија и откажување на моторот во Бразил. Тоа вклучува две победи во втората половина, споредено со очајниот крај на 2018 година каде се пласираше на 5то место во последните четири трки.

Дефинитивно сум со поинаков став споредено со минатата година. Ги одбројував деновите додека заврши сезоната и да најдам начин да се вратам и да почнам од нула повторно. Последниот месец од минатата сезона траеше многу, многу долго време.

Сега полесно ќе ја започнам следната сезона. Мислам дека е важно да се имаат добри резултати, не само во последните неколку трки. Не е потребно целосно, бидејќи знам дека и по лоша сезона, може да ја започнете следна силно. Но едноставно е подобро и за тимот да знае дека можам да прикажав такви перформанси цела година. Знаат дека сум возбуден за 2020 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ