Ботас призна вина и превзема одговорност

Валтери Ботас ја прифати вината за карамболот од почетокот на Унгарското Гранд При кој чинеше неколку возачи незаршена трка.

На мокриот асфалт Валтери лошо стартуваше и потоа се обиде да го надомести тоа, но ја промаши точката на кочење во пресрет на првата кривина и се заби во задниот дел на Ландо Норис, кој потоа ги “собра“ двата болиди на Ред Бул.

Како последица од сударот, Ботас, Норис и Перез не ја завршија трката, додека Верстапен успеа да финипира на 9то место, но со силно оштетен болид. По крајот натрката, оштетените беа бесни, а финецот ја разбира нивната нервоза.

имав лош старт, тркалата ми се вртеа во место на мократа патека, загуби моментум, ландо ме престаса, а јас бев вуквално зад него во пресрет на првата кривина. лошо ја проценив точката на кочење и не очекував тркалата да ми блокираат.

мислам дека доста рано кочев, но бев позади и бев одговорен за сударот со ландо кој потоа собра доста луѓе пред себе. не е убаво нити за мене нити за другите возачи – изјави валтери по крајот на трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ