Ботас се сомнева дека возел со оштетен под

Валтери Ботас се сомнева дека лошото негово издание во Саудиска Арабија е поради оштетениот под кој го имал по првиот круг од трката.

На отварањето од сезоната во Бахреин беше одличен и стигна до 8мо место, додека на Џеда беше последен од оние кои ја завршија трката. Почетокот на трката донесе инцидент помеѓу Гасли од Алпин и Пиастри од Мекларен по што портокаловиот болид иаше оштетено предно крило, а финецот се сомнева дека веројатно остатотиците од болидо на Оскар направиле проблем кај него.

имав толку бавен ритам и се сомневам дека минав преку голем остаток од нечиј болид во првиот круг на 4та кривина, почувствував дека нешто големо влезе под подот. веројатно направив некоја штета, тоа е единствено објаснување што го имам во монетов пред детално да погледнеме – вели валтери.

Трката ја одработи со три застанувања во бокс и заврши како единствен со цел круг заостаток зад поедникот, а и покрај тоа што имаше свеж сет софт гуми, не успеваше да биде брз како неговиот колега во другиот болид. Одлуката да се влезе повторно во бокс при крајот на трката била исклучиво за да се види дали ритамот н болидот ќе се подобри со свежи и меки гуми.

направивме промена само поради анализа затоа што со гумите кои ги имав претходно многу лизгав и немав грип. со меките гуми бепе добро 1-2 кругови, а потоа беше исто, така што сигурен сум дека нешто не беше во ред.

Штетата беше проблем за Валтери на квалификациите, но тој аостанувае зад својот многу помлад колега цел викенд и беше подобар од него во првите два квалификациски сегменти, а на тркачкиот ритам исто така.

барем заостатокот од влез во послендиот квалификациски сегмент беше исти како во бахреин, така што на квалификции не назадувавме, но тоа е се. мораме да најдеме се што тргна наопаку овој викенд и да одработием подобро следниот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ