Ботас со совет до Перез за борбата против Макс

Финецот Валтери Ботас го советува Серхио Перез како да се носи и да се бори против шампион од рангот на Макс Верстапен откако голем дел од својата кариера возеше против Луис Хамилтон.

Во 2021 година, првата сезона на мексиканецот во Ред Бул, тимот сакаше искусен возач крај Верстапен за да може сериозно да го нападнат Луис Хамилтон и Мерцедес и да ја прекинат нивната доминација, додека лани, од почетокот на сезоната, Шарл Леклер и Ферари беа силна закана. Годинава изгледа дека “биковите“ се класа за било кого и единствено нивните двајца возачи се конкуренти за насловот.

Ботас беше во слична поиција во 2020 година кога никој не беше закана за “сребрените стели“ и единствено Хамилтон му бепе конкурент.

сигурен сум, знам дека на серхио не му е лесно затоа што многу сака да победи. би рекол дека е во слична ситуација каква што бев и јас кога се тркав против возач кого е најтешко да се победи, константен и супер талентиран.

Според финецот, проблем повеќе е и тоа што како минува времето, Чеко ќе стане понервозен и буквално опседнат со мислата да го победи Макс.

би го советувал да се обидува и да дава се од себе, но да не влегува во спирала поради претерано притискање. треба да се обидува, да верува во своите способности и да го прави своето, но знам дека е полесно да се каже одошто да се направи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ