Ботас убеден: Работите ќе се сменат и повторно ќе победувам

Валтери Ботас смета дека е само прашање на време пред да се “наредат коцките“ и тој повторно да победува на трки.

Финецот победи на првата трка од сезоната, но од тогаш нема триумф, а последната пол позиција му беше на Силверстон. Неговиот колега буквално доминира н трките, но Валтери смета дека е само прашање на време кога тоа ќе се промени.

во однос на ритамот и перформансите сме навистина блиску со луис. потребно е само сите работи да бидат како што треба во моментите когае тоа важно. јас работам напорно и давам се од себе за да се движам во правилна насока, но јасно е дека луис во моментов има предност, иако за малку.

потребно е само време за да се средт работите, да дојдам до пол позиција повторно и да победувам на трки, нешто што се обидувам и што ми е цел – појасни финецот.

Ако постои некое место кое одлично му одговара на Ботас, тоа секако дека е Сочи откако победи на првата трка во Русија во 2017 година, а тој резултат го повтори и следната сезона.

руското гранд при дефинитивно ми носи убави спомени. првата победа беше могу посебна и никогаш нема да ја заборавам затоа што оваа патека ми одговара. вообичаено сум силен, дури и кога возев за вилијамс.

Неговиот колега е на победа до изедначување на рекордот од 91 триумф на Михаел Шумахер, а Валтери ќе се обиде да го одложи славјето.

јасно е дека тоа е огромно достигнување. како дете го гледав михаел и останатите херои од овој спорт. ќе се обидам да оневозможам да се сруши рекордот овој викенд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ