Ботас ќе части пиво откако успеа да ги заврши квалификациите

Валтери Ботас откри дека ќе им купи пиво на механичарите откако успеале да го поправат неговиот болид на средина од квалификациската сесија.

По утринската сесија во Сабота, Мерцедес откри протекување на гориво од неговиот мотор и поради тоа го промени, но во веќе користен, за да минат без казни, а со оглед на тоа што немаа време да го испитуваат и анализираат дефектот. Буквално на крајот на првиот квалификациски сегмент, тој едвај се довлечка до боксот каде механичарите го туркаа неговиот В12 откако претходно пријави нерамномерна работа на својот мотор.

Болидот беше експресно поправен за вториот квалификациски сегмент каде финецот беше добар, а одличен беше на крајот и си заработи прв стартен ред, второ место, веднаш крај колегата Луис Хамилтон.

денешните квалификации беа многу важни. јас се мачев на т3 и мораше моторот да ми биде променет, а момците во гаражата зацршија фантастична работа и тогаш, а и на квалификациите кога имав проблем.

последниот круг беше на границата, но уживав на оваа пртешка патека. притискаме секој круг, но грипот не попушта, се бориме и многу е напорно – појасни ботас.

Тој имаше несигурност откако неговиот мотор на работеше добро кон крајот на првиот квалификациски сегмент, но од оваа гледна точка е многу благодрен до тимот што го поправил болидот.

момците завршија со работа над болидот на време и се работеше како што треба. веќе им кажав дека јас ќе частам пиво кога ќе имаме дозвола да се собереме.

Пласманот во прв ред додје во вистинско време сезонава за финецот затоа што Мерцедес има само пет поени предност кај конструкторите на две трки пред крајот. Тој сака да му помогне на тимот, но во исто време и на својот колега кој се бори за возачкиот наслов.

секако дека постои шанса јас да победам на тркава, ќе се обидам и ќе дадам се од себе за да се максимизира резултатот на тимот. не се борам за титула повеќе, тоа треба да го знам, луис и макс се во таа борба, а јас ќе помогнам колку што ожам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ