Бразил и Мексико најавуваат тужби

Промотерите на Големата награда на Бразил и Мексиканското Гранд При најавуваат можност да ја тужат Либерти Медија поради откажаните трки оваа година.

Тамас Рохоњи, главниот промотер од Интерлагос крај Сао Паоло, за бразилски O Estado de S.Paulo откри дека америакнците му ја откажале трката без никаква причина.

договорот може да биде откажан само поради непредвидливи работи (force majeure). тоа е нешто што никоја од страните не може да го контролира како на пример авион да падне на автомобилите крај патеката или пак да имаме поплава и автодромот да е еден метар под вода.

Формула 1 ги откажа сите настани во Северна и во Јужна Америка поради развојот на ситуацијата со пандемијата на западната полутопка. Рохоњи најави дека со него се и промотерите од Мексико Сити кои сакаат правдата да ја истераат преку Британските Судови.

Италијанска La Gazzetta dello Sport верува дека гневот на Рохоњи е поради фактот што Либерти сака Бразилското Гранд При да го промести на автодромот во Рио де Женеиро кој треба да се изгради.

за нас откажаната трка е голем економски удар. веќе почнавме да продаваме карти, имаме обврски кон спозорите, добавувачите и вработените.

објаснувањето дека пет екипи изразиле загриженост да се тркаат кај нас е смешно затоа што кој го напишал тоа не ги знае правилата на шампионатот. договорот не вели дека ќе се организира трка ако тимовите сакаат, а учеството не е задолжително.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ