Бразил: Луис Хамилтон остава без зборови

Луис Хамилтон дојде до својата 101ва победа во Формула 1 кариерата, а им го донесе 122от триумф на Мерцедес во спортот со феноменално издание, трка која остава без зборови, тргна од 10то место, го мина Верстапен во дуел и беше недостижен.

Макс Верстапен не можеше да се носи со Луис Хамилтон иако еднаш проба и го истурка од патеката, но на крајот мораше да се задоволи во 2то место и намалување на предноста доаѓајќи до својот 57ми подиум. На 3то место заврши Валтери Ботас 66ти пат во кариерата доаѓа до подиум пласман.

Првиот круг беше ултра интересен, Верстапен стартуваше од второ место, но експресно го остаи Ботас зад себе, а истото го стори и Чеко Перез кој од 4та позиција дојде до 2ро место. Валтери Ботас загуби две позиции во однос на пол позицијата од која тргна. Шарл Леклер стартуваше од 7мо место, но се ракетираше до 4то, додека Карлос Саинз тргна од подоборот место во вториот ред и “падна“ две позиции.

Проблемите за Саинз беа неговиот бавен старт по кој го затвореи надворешниот дел каде Ландо Норис мислеше дека ќе го собере, но не беше така. Дојде до контакт помеѓу нив по кој подебелиот крај го извлече Мекларен болидот, Ландо дупна задна лева гум и мораше во бокс на крајот од првиот круг.

Луис Хамилтон почна извонредно, тргна од 10то место, а на крајот на првиот круг веќе беше 6ти откако на главниот правец го мина Себастијан Фетел. Два круга подоцна, британецот веќе го минуваше Карлос Саинз за 5то место, а во 4от круг и Шарл Леклер зза 4то. Следниот круг ултра лесно беше пропуштен од Валтери Ботас и во 5от круг веќе беше извонреден 3ти.

Јуки Тсунода и Ленс Строл имаа контакт во првиот свиок од 5от круг по кој се разлетаа милион делови карбон на патеката и мораше да излезе безбедносното возило. Бернд Мајландер ја поведе трката следните три кругови, а Јуки доби казна од 10 секунди.

Рестартот беше интересен со жестоки дуели, но топ 6 возачите останаа во истиот ред. Сепак, Мик Шумахер имаше дуел со Кими Раиконен во позадина и дојде до котнакт помеѓу нив, а предното крило на Хаас болидот се скрши на многу деливи по што се појави Виртуелното безбедносно возило, првило кое важеше до 14от круг.

По рестартот Хамилтон го нападна Перез и го мина во првата кривина во 18от круг, но на следниот правец Чеко си ја врати позицијата под ДРС. Сепак, следниот круг Луис нападна одново и го превзема 2то место без можност да го загуби.

Серијата на промени на гуми започна во 27от круг кога Хамилтон монтираше хард, истиот круг кога влезе и Саинз, но стави медиум. Следниот круг на хард променија и Верстапен и Леклер, а во 29та обиколка тоа го стори и Чеко Перез. Следуваше ново кусо виртуелно безбедносно возило поради остатоци од Ленс Строл, што го искористи Ботс и во 30от круг влезе по нови гуми. На тој начин, финецот ја првзема позицијата на мексиканецот Перез.

Откако возачите променија по прв пат гуми, Верстапен побара од тимот да не го ставаат во позиција во која би можел да биде миант преку бокс од Мерцедес затоа што се побрзи на правците и нема да има можност да си ја врати позицијата.

Поради тоа, втората серија промени на гуми ја отворија Ред Бул во 41от круг со Верстапен, следниот круг промени и Ботас, 43от Перез, а следниот и шампионот Хамилтон.

Во 48от круг беше најжестокиот дуел Макс – Луис. Откако Хамилтон на вториот правец мина со ДРС, Макс доцна кочеше и си ја врати позицијата, но патем го истера Хамилтон, а и самиот себе доста надвор од патеката. Стјуардите го разгледаа инцидентот, но не решија дека треба санкција.

Во 50от круг по долго мачеше и контакти се откажа Ленс Строл, а следниот круг сосема неочекувано тоа го направи и Даниел Рикардо.

Ферари менуваа во 53от и 54от круг, прво Леклер, а потоа и Саинз, така што се вратија во истиот ред како што влегоа.

Во 59от круг, по долго следење, Хамилтон нападна и мина, го превзема водството од Верстапен на вториот ДРС правец и тоа го стори буквално прелетувајќи го Ред Бул. Надмоќта на правците на Мерцедес беше лесно видлива.

Во 61от круг Пјер Гасли мина директен конкурент, Естебан Окон за 8мо место, а следниот го претекна и Фернандо Алонсо во борбата за 5то место кај конструкторите.

Серхио Перез беше повлечен во 70от круг по нови софт и со нив го постави најбрзиот круг, заработувајќи поен за себе, но поважно, одземајќи го од Хамилтон.

Така, Хамилтон победи пред Верстапен и Ботас, така што предноста на Верстапен кај возачите се намали, а на Мерцедес кај конструкторите се зголеми. Следуваше Чеко Перез предтандемот на Ферари, Леклер пред Саинз. Пјер Гасли со одличен финиш дојде на 7мо место, пред тандемот на Алпин и последниот поен го освои Ландо Норис.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ