Бразил: Прва победа за Расел во кариерата, прв триумф за Мерцедес годинава

Седумкратните последователни конструкторски прваци Мерцедес, конечно стигнаа до победа годинава благодарение на дебитантската победа на младиот британец Џорџ Расел.

Расел влезе во листата победници на трка, Хамилтон стигна до својот 191ви подиум, додека Карлос Саинз по 15ти пат дојде до топ 3 пласман. Победата на Бразилското Гранд При значеше 125та во историјата на фабичкиот Мерцедес тим.

Во пресрет на трката, единствено возачите на Ферари заедно со Кевин Магнусен кој стартуваше од 8мо место имаа монтирано медиум за првата серија, а сите останати од почетната десеторка беа на софт.

Првите четвротица си ги задржаа позициите на стартот, а Ландо Норис од 6то место беше силен, го мина Леклер пред себе, дури го нападна и Чеко Перез, но не го мина, по што болидите на Ферари зад него станаа агресивни во борбата да го минат.

Трката траеше 9-10 кривини пред Даниел Рикардо втор пат во три трки да претера. Австралијанецот се обиде да го мине Кевин Магнусен од внатрешната страна каде што немаше место, дојде до контакт, К-Маг се изврте и по инерција се удри во Мекларенот што беше крај за двајцата. Лош крај на викендот во кој данецот освои пол позиција. Безбедносното возило се повлече на крајот од 6от круг.

Рестартот донесе возбуда затоа што Хамилтон беше неподготвен и веднаш беше нападнат од Макс Верстапен кој му го превзема местото, но дојде до контакт по што двајцата имаа штета на болидите. Подоцна истиот круг, Леклер запна да го мине Ландо Норис, дојде до контакт затоа што беше нетрпелив со претекнувањето и заврши во ограда, но успеа да продолжи.

Хамилтон продолжи на 8мо место, додека Верстапен и Леклер влегоа во бокс за поправка на штетите. Стјуардите објавија дека двата инциденти се под истрага, а Леклер и Верстапен продолжија од опашката на гридот. Шампионот Верстапен доби казна од 5 секунди за сударот, а исто доби и Ландо Норис.

Во 9от круг, Карлос Саинз искусно и безбедно го мина Ландо Норис и му го превзема 3то место на британецот од Мекларен.

На почетокот од 14от круг, Хамилтон со ДРС го мина Себастијан Фетел за 5то место и експресно се залепи зад Ландо Норис, кој го претекна на почетокот на следната обиколка. Два кругови подоцна и Себастијан Фетел го мина Ландо Норис во борбата за 5то место.

Во 18от круг додека се возеше на 3то место, Карлос Саинз се реши своите стартни медиум да ги замени со нов сет софт гуми. Се врати на патеката на 12то место, но многу брзо напредуваше претекнувајќи побавни болиди, откако во 20от круг го мина Строл за 9то место, а следниот круг Мик Шумахер за 8ма позиција.

Во 22от круг по нови гуми влезе и Шарл Леклер додека се возеше на 16то место и доби нов сет софт. Два круга подоцна по свеж сет медиум влезе Серхио Перез и “паднаЕ од 2ро на 6то место, а во исто време и Макс Верстапен влезе по свежи гуми, а имаше и 5 секунди казна за отслужување.

Џорџ Расел побрза да го покрие Серхио Перез и следнито 25ти круг влезе по свеж сет медиум, а неговиот пример го следеше и Ландо Норис. Возачот на Мерцедес загуби позиција само од својот колега Хамилтон и се врати на 2ро место, додека Норис отслужи и казна од 5 секунди и се врати во трка на 13то место.

Луис Хамилтон лезе по свежи гуми во 29от круг како лидер на тркат, а се врати на 4то место со нови медиум гуми.

Во 36от круг по нови гуми повторно, втор пат во текот на трката влезе Карлос Саинз и доби нов сет медиум, по што загуби позиција само од Луис Хамилтон, а во меѓувреме, неговиот колега Шарл Леклер веќе беше во поени на 9то место.

Во 43от круг, Шарл Леклер по неколку кругови следење, конечно успеа да го мине Ландо Норис, возачот со кој имаше контакт на почетокот од трката.

На почетокот од следниот 45ти круг, со користење на ДРС, Луис Хамилтон успеа да го мине Серхио Перез превземајќи му го 2то место, а истиот круг повторно во бокс по нов сет софт влезе Шарл Леклер

Во 48от круг по втора промена на гуми влезе Серхио Перез и доби нов сет медиум, губејќи позиција само од Карлос Саинз, а следниот круг тоа го направи и Луис Хаилтон, но тој доби сет софт. И тој како и Чеко загуби позиција од Саинз. Наредниот круг гуми промени и Џорџ Расел, но тој не загуби позиција, се врати веднаш пред Ферари.

Во 52от круг од трката, Ландо Норис застана неподвижно на патеката откако загуби моќ од моторот што предизвика виртуелно безбедносно возило, а Алонсо, Гасли, Саинз влегоа по свеж сет софт гуми за последна серија. Круг подоцна, откако стана јасно дека болидот тешко ќе биде поместен поради тоа што беше заглавен во брзина, на сцена стапи вистинското безбедносно возило.

Безбедносното возило се повлече на крајот од 59от круг и само третопласираниот Перез и седмопласираниот Фетел беа на медиум гуми, останатите на најбрзиот софт. Леклер веднаш превзема позиција од Ботас, неговото 5то место, додека на следниот правец Саинз се бореше со Перез за 3то место. Во тие моменти, Алонсо ги мина и Окон и Ботас и дојде до 6то место, најдобар од останатите.

Во 63от круг, Карлос Саинз го претекна Серхио Перез за последното место кое води на подиум, така што мексиканецот сега беше нападнат од Леклер. Во позадина, Верстапен со исти маневар на почетокот на кругот ги мина Ботас и Окон и дојде до 7мо место.

Шарл Леклер го мина Перез на почетокот на 64от круг и дојде до 4то место откако на почетокот од трката беше последен. Следниот 65ти круг, Перез загуби и 4то место од Фернандо алонсо кој беше моќен во тие моменти, а мексиканецот со неговите погрешни медиум беше нападнат и од неговиот колега. Чеко продожи да тоне и беше минат од Верстапен на почетокот од 67от круг.

Прва победа во кариерата во Формула 1 за Џорџ Расел пред својот колега Луис Хамилтон, а подиумот го комплетираше фераристот Карлос Саинз. Шарл Леклер заврши зад својот колега иако последните неколку кругови ги мина во молење да биде пропуштен. Фернандо Алонсо фантастичен 5ти пред тандемот на Ред Бул откако Верстапен не го пропушти Перез кој се бореше за 2ро место во поредокот. Естебан Окон од Алпин беше 8ми, Валтери Ботас дојде до 2 поени, а поен освои и Ленс Строл.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ