Бразил: Триумф на Розберг во трка без возбуда

Нико Розберг втора година по ред е победник на трката за Големата награда на Бразил стигнувајќи до својот 13ти триумф во кариерата, а 5ти оваа година. Како и во Мексико, 2то место му припадна на Луис Хамилтон, а 1-2 финишот на Мерцедес е нивни 27ми во историјата. Трето место си обезбеди Себастијан Ветел, а 4ти беше Кими Раиконен.

Карлос Сајнз не го дочека ни стартот на трката, а веќе се судри со проблеми со моторот. Во загревачкиот круг се паркираше блиску до влезот на боксовите и беше истуркан до гаражата. Трката ја почна од пит стоп, но извозе само половина од првиот круг пред да се откаже.

sajnc-tororoso-brazil-trka

Трката беше здодевна во целина, а истото беше најавено и на самиот старт. Луис тргна “за влакно“ подобро од Нико, но не доволно добро за да може “Да фати“ подобра линија за првиот свиок. Единственото возбудување го направи Валтери Ботас кој од то место на гридот, успеа да ги мине Квјат од Ред Бул и Хулкенберг од Форс Индија и да се пробие веднаш зад својот добро познат сонародник, Кими Раиконен.

Самиот почеток беше добар и за Роман Гросжан кој од 14то стигна на 11то место во само три кругови. До крајот на трката макотрпно работеше за да дојде дое поени и финиш на 9то место, што е втора негова последователна трка во поени.

Првата тура влегувања во боксот почнаа многу рано, а во првата група која ги посети механичарите, најмногу корист извлече Хулкенберг кој го мина Квјат.

verstapen-perez-brazil-trka

Од 13от до 15от круг изменуваа пневматици водечките 4ца, а дури 4,4 секунди во боксот се задржа Нико Розберг поради тоа што зад него влезе Ветел, па механичарите мораа да го прпуштат Себастијан, пред да го пуштат Розберг назад на трка.

Пастор Малдонадо беше последен од возачите кои влезе во боксот, а возењето со потрошени гуми го чинеше губиток на пласман. Влезе во пит во 26от круг, а 3 кругови претходно загуби две позиции на две кривини, откако беше минат од Дани Квјат и Фелипе Маса.

brazil_masa_pastor

Ако немаше борба за “големите поени“ трката изобилуваше со многу претекнувања во борба за 8та до 10та позиција. Машки дуел имаше во 32от круг кога Верстапен и Гросжан го минаа Серхио Перез за 9то и 10то место во тие моменти.

Од кругот број 33 до кругот број 35, водечното трио менуваше гуми, додека Раиконен го продолжи својот стинт и влезе по свежа гума дури во 47от круг.

brazil_max_perez

Во 35от круг, на првиот свиок, имаше дуел Малдонадо Ериксон, а Пастор како по обичај иницираше контакт со Зауберот, по што доби и казна од 5 секунди. Токму ова време беше доволно трката да ја заврши надвор од поени, зад Макс Верстапен, на 11та позиција.

Послдното влегување во пит на водечкото трио беше од 48от до 50от круг. Потоа Розберг се најде в гужва и загуби доста време, кое Хамилтон го искористи да се приближи во ДРС зона. Но, до крајот на трката, гумите на британцот не го издржаа агресивното возење и не му дадоа можнсот да напаѓа.

На 4 кругови пред крајот на трката, Квјат го превзема 6то место од Хулкенберг, а круг подоцна Верстапен 10то од Малдонадо. Макс ја продолжи својата серија и веќе 6 трки завршува во поени, додека Квјат ја зголемува разликата од Рикардо на 10 поени, но Фелипе Маса е недостижен пред него.

brazil_nasr_max

Со оваа победа, Нико Розберг ја зголеми својата предност во генералниот пласман на теоретски недостижни 31 поен пред Себастијан Ветел, додека Абу Даби ќе биде решавачка трка за 4то место на кое се наоѓа Валтери Ботас со 1 поен предност пред Кими Раиконен.

rezultati_brazil_trka

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ