Бразил: Хамилтон најбрз во Бразилската џунгла

Луис Хамилтон стигна до својата 9та победа оваа година, 3та во серија и 18та за Мерцедес на трка која повеќе наликуваше на пливачки маратон. Веднаш зад него пристигна неговиот тимски колега Нико Розберг, а на 3то место се изроди новиот Дождовен човек, новиот Сена и Шумахер кога се работи за трки на мокар асфалт, Макс Верстапен.

Бразилскиот хаос го најави Роман Гросжан уште пред да почне трката кога поради аквапланинг го “здрви“ својот Хаас директно во заштитната ограда, силно го оштети и како резултат на тоа не беше во можност да ја започне трката. Истата започна по 10 минутно задоцнување и позади безбедносното возило.

Бернд Мајлендер со својот Мерцедес го поведе Бразилското ГП и зад него се возеше цели 8 кругови, пред да се повлече во боксот. Првиот свиок по повлекувањето на Безбедносното возило напд на Макс Верстапен и превземање на 3то место од Кими Раиконен. Холанѓанецот најави дека на дожд е уште подобар отколку на суво.

По повлекувањето на безбедносното возило се случи и прекршување на правилата кога Фелипе Маса го мина Естебан Гутиерез пред да ја мине линијата која вели дека тоа е дозволено. За овој прекршок тој доби 5 секунди казна, но ионака трката ја заврши предвреме со судар.

masa_brazil

Следниот круг коцкањето почна. Кевин Магнусен промени на интермедиа пневматици, а во 10от круг истото го стори и Џенсон Батон во обид да искористат некој евентуален судар и прекин на трката.

Круго број 11 беше моментот на првото извртување. На последниот свиок, нагорнината каде се забрзува до стартно целната рамнина, Ветел налета на цел вир со вода и неговото Ферари се изврте. За среќа на германецот тој мина без никакво оштетување, сите болиди го промашија и се упати кон гаражата по интермедиа компонента.

vet_spin_brazil

Второто појавување на безбедносното возило беше по 2 круга, поточно во 13от. Аквапланингот на Зауберот на Ериксон го вивна во оградата токму пред стартот на линијата која го означува влеегувањето во бокс. Во тие моменти во бокс влезе Даниел Рикардо, но поради тоа што веќе на сила беше правил оза затврорен бокс, Рикардо доби казна од 5 секунди која ја одлежа во следното менување на гуми.

Безбедносното возило остана на патеката 7 кругови, односно до 20от. Таман Мајлендер го повлече својот Мерцедес во гаража, стартно целната рамнина и “езерата“ по истата беа кобни за ултра искусниот Раиконен кој не го додржа својот Ферари и 3-4 пати го “опна“ од ограда. Оваа пируета по најдолгиот правец за среќа на наштети на никого откако Окон со својот Манор мина на милиметар од Ферарито. Овој инцидент донесе црвено знаме, односно прекината трка.

Во истиот момент, со тоа повлекување на безбедносното возило, невообичаен судар имаа и Џулион Палмер и Даниил Квјат. Контакт на правецот при голема брзина, но двата болиди продолжија. Сепак Реното не се појави на патеката по рестартот поради оштетена суспензија на предното десно тркало.

Црвеното знаме беше на сила 15тина минути, возачите повторно влегоа во своите болиди и повозеа зад Безбеднносното возило уште 8 кругови кога повторно црвено знаме беше истакнатао во 29от круг. Ова се случи додека многумина ги информираа своите екипи дека патеката се суши и дека е далеку подобро за возење отколку на почетокот. Негодуваше и публиката која свиркаше со палците надоле.

Ова црвено знаме беше подолго и траеше околу 30тина минути пред повторно Мерцедес АМГ со покрив да ја поведе трката. Три кругови се возеше зад безбедносно возило и кога истото се повлече повторно Верстапен нахрабар го минува Розберг за 2ро место, а во истиот круг и Рикардо минува крај Саинз превземајќи го неговото 6то место.

max_roz_brazil

Ветел се буди, во 34от круг го минува Верлејн за 10то место, а 3 кругови подоцна го превзема и пласманот на Окон и се укотвува на 9то мест. Круго број 43го минува и Фернандо Алонсо по силен дуел и доаѓа до 7мо место, два круга подоцна и Фелипе Наср за 6то место.

38от круг беше ризичен за Верстапен кој се изврте на стартно целната рамнинга додека се возеше на 2ро место, но одлилно го исконтролира болидот и продолжи право. Единствено ги загуби своите 6 секунди предност пред Розберг кој повторно се залепи зад него.

Во 42от круг Даниел Рикардо влезе во бокс и од сини промени на зелени, интермедиа гуми, а истото, само 2 кругови подоцна го стори и Макс.

Во 48от круг Фелипе Маса имаше аквапланинг и право во заштитниот ѕид пред влезот на боксот, место каде трката ја заврши и Маркус Ериксон. Безбедносното возило повторно се појави и се задржа 8 кругови во кои бразилецот емотивно се збогуваше од својата публика. Насолзениот Маса беше пречекан во боксот од страна на механичари од сите екипи и своето семејство. “Obrigado“ извикуваше публиката…

Кругот број 53 и 55 беа моментите кога Ред бул сватија дека “утнале“ стратегија“ со интермедиа и ги повикаа возачите на нова промена која им го уништи пласманот.

Во 56от круг се повлече Безбедносното возило кое последен пат го видовме токму тука, на 16 кругови пред крајот на трката. Паралелно со негово повлекување, Фернандо Алонсо се изврте и го расипа својот пласман.

Рикардо по излезот од боксот беше 13ти, но почна триумфално да се враќа. Во 62от круг го мина Квјат и дојде до 10то место, следниот круг го мина Окон за 9то место, а во 64от финишираше со претекнувањето на Наср за 8мо место.

Но, многу поинтересно беше тоа што го правеше Макс Верстапен. По последната промена излезе зад Рикардо, но оочигледно беше побрз од него и тимскиот колега го пропушти во 59от круг. Во 60от круг Макс беше 9ти минувајќи го Квјат, а истиот круг се качи и до 8мо место со претекнувањето над Окон.Кругот број 64 беше моментот кога Верстапен го мина Хулкенберг за 6то, а по 2 круга и Ветел за 5то. Германецот се разбира дека не промаши да се буни дека бил истуркан од патеката. Во 67от кругг холанѓанецот дојде на 4то место минувајќи го Саинз, а круг пред крајот го мина и Серхио Перез за 3то место и нов подиум.

 

Форс Индија загуби подиум, но може да бидат пресреќни со 4то и 7мо место во ситуација кога Вилијамс не освои нити еден единствен поен. Ветел кон средина на трката како да доби сила, но на крајот беше само 5ти веднаш пред Саинз кој вози лански мотор од Маранело.

Фелипе Наср се пласираше на 9то место и дојде до 2 поени со што Заубер го мина Манор за 10то место во генералниот поредок и повеќе нема екипи без поени оваа година. Поен освои и Алонсо кој откако во 55от круг се изврте одлично возеше и стигна до 10то место.

[advanced_iframe securitykey=”006b4d8db8ba3ffa9c5b6e5d017ef95fa87e2bd5″ src=”http://www.bn-ms.com/bnms.com/formula1/plasman/rezultati-2016-20-brazil.html” width=”100%” max-width=”600″ height=”960″ id=”iframe-rezultati”]

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ