Бразил: Хамилтон со победа им донесе титула на Мерцедес

Користејќи го инцидентот на Макс Верстапен од 44от круг, Луис Хамилтон го превзема водството и победи на Големата награда на Бразил во Интерлагос и му донесе на својто тим 5та последователна конструкторска титула во Формула 1.

Само 6 возачи на претходните 18 трки успеале да победат од пол позиција, а Луис Хамилтон го подобри тој процен на 7 победи од 19 трки. Воедно британецот го сруши и проклетството кое велеше дека никогаш откако освоил титула не победил на трка.

Победа број 72 за Хамилтон, негов втор триумф во Бразил, Мерцедес до своја 4та победа на Интерлагос и 86та во историјата. Раиконен му го донесе на Ферари 760от подиум, додека Верстапен на Ред бул 160от.

Стартот донесе промена на второто место, Валтери Ботас имаше помека компонента и успеа да го мине Себастијан Фетел, а Даниел Рикардо на крајот на вториот круг веќе беше 9ти иако стартуваше 2 позиции поназад.

Првите кругови изобилуваа со претекнување на првата кривина, крајот на правецот и почетокот на есовите на Сена. Макс Верстапен беше главниот, во вториот круг го мина Раиконен за 4то место, а следниот круг и Фетел за 3то. Четвртиот круг беше моментот кога Себастијан погреши, а Раиконен му го превзеде 4то место. Во 5от круг со претекнувањето над Шарл Леклер, Даниел рикардо веќе дојде до 6то место.

Кругот број 10 беше моментот кога Валтери Ботас не успеа да се одрбани од нападот на Макс Верстапен кој го рпевзема неговото 2ро место и се впушти во потера по тогаш водечниот Луис Хамилтон.

Први по нови гуми како и секогаш на последните неколку трки беа возачите на Мерцедес. Во 18от круг во бокс влезе Ботас по медиум компонента, а следниот круг тоа го стори и Хамилтон.

Првото откажување дојде во 22от круг, а надвор од трка е Маркус Ериксон. Делови од Алфа Ромео Заубер почнаа да летаат уште на загревачкиот круг, деловите беа од задното крило на болидот со кој швеѓанецот се бореше 22 кругови и на крајот откако се изврте реши да се повлече од трка.

Следуваше менувањето гуми во Ферари, Себастијан Фетел влезе прв во 28от круг и промени на медиум, а истото го стори и Кими Раиконен, но 4 кругови подоцна.

Во 34от круг се откажа и Нико Хулкенберг откако некакви остатоци завршиле во неговиот отвор за ладење на моторот, по што агрегатот на Рено прегреал.

Во 37от круг, по наредба на Маурицио Аривабене, Фетел му ја препушти својата позиција на Раиконен откако финецот очигледно беше побрз, а германецот не можеше соодветно да го нападне Ботас пред себе и да му го превземе пласманот.

Истиот тој 37ми круг во бокс влезе водечкиот Макс Верстапен и промени, но на жолтиот софт, а 4 кругови подоцна тоа го направи и неговиот колега Даниел Рикардо.

Во  40от круг Макс Верстапен го нападна Луис Хамилтон, го мина на патеката и ја поведе трката, но тоа траеше само до 44от круг.

На почетокот од трој круг Макс го претекна Естебан Окон за цел круг, но французинот сакаше да се врати на есовите на Сена, холанѓанецот не го забележа тоа што беше и логично затоа што Форс Индија имаше развеани сини знамиња. Дојде до судар, Макс се изврте и загуби дел од подот и страничните крила, Хамилтон си го врати водечкото место, а Верстапен мораше на 2ро. Инцидентот беше разгледуван од стјуардите, а Окон доби 10 секунди во место.

Истиот тој 44ти круг, Кими Раиконен го мина Валтери Ботас и му го превзема последното место што води на подиум, а два кругови подоцна Даниел Рикардо по неколку кругови борба го нападна и мина Себастијан Фетел и дојде до 5то место.

 

Себастијан Фетел беше 6ти и мораше да направи нешто, се реши да влезе во бокс и да монтира суперсофт при што загуби само една позиција. Во бокс влезе и Валтери Ботас, излезе пред Фетел и не му дозволи да му го превземе 5то место.

Хамилтон победи од пол позиција, Верстапен проади сударот со окон беше зад него, а Раиконен на својата 150та трка за Ферари стигна до подиум. Следуваше Даниел Рикардо кој беше се побрз како одминуваше трката, а потоа двајцата финци, Ботас па Раиконен. Најдобар од останатите младиот Шарл Леклер, пред двата болиди на Хаас, Гросжан пред Магнусен, а последниот поен го освои Серхио Перез.

Возачите на Торо Росо, Брендон Хартли и Пјер Гасли до последниот момент од трката се бореа за 11то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ