Брандл ги очекувал Шарл или Макс во Мерцедес

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатор на Sky Sports, Мартин Брандл, очекувал Шарл Леклер или Макс Верстапен да направат трансфер во Мерцедес во 2021 година, но наместо тоа, возачите ја пдоролжија верноста кон своит есегашни екипи, Ферари и Ред Бул соодветно.

Двата најголеми таленти во спортот во моментов одлучија да го продолжат престојот во сегашните екипи, Леклер потпиша за Ферари до крајот на 2024 година, додека Верстапен ќе се задржи во Милтон Кинс најмалку до крајот на 2023 година.

веста за мерцедес ме натера да се запрашам што се случува со мерцедес на кус и на среден рок. навистина очекував верстапен или леклер да мине во мерцедес.

реално е да се очекува тие да имаат врвен болид барем следните 2-3 години и поради тоа им треба еден од најдобрите возачи како го управув истиот – објасни брандл за Sky Sports F1.

Во врска со Луис Хамилтон за 2020 година, Брандл смета дека британецот сеуште може да диктира каде ќе продолжи.

луис секако дека има помалку опции, но сеуште има многу “кецови во ракавот“. развојот на настаните не го спречува да оди во било кој од двата тимови кои ги имаат возачите.

опциите на луис сеуште се отворени, но можеби веќе има договор со мерцедес кој двете страни не го откриваат сеуште.  секако дека потпишувањата на макс и шарл се случија многу порано одошто очекувавме, мислев дека верстапен ќе сака да види шампионски болид пред да се обврзе.

нешто веќе стана кристално чисто, но сеуште има многу отворени прашања.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ