Брандл е сигурен дека Хамилтон ќе се врати

Поранешниот Формула 1 тркач, Мартин Брандл, не верува дека Луис Хамилтон ќе одлучи да се откаже по контроверзиите во Абу Даби.

Хамилтон молчи откако неговата кандидатура за рекордна осма титула се распадна на контроверзен начин, при што се зборуваше дека тој можеби нема да се врати во 2022 година. Директорот на Мерцедес, Тото Волф, моментално не може да даде гаранции дека нивната ѕвезда навистина ќе се врати.

Беше објавено дека одлуката на Хамилтон може да зависи од извештајот на ФИА за настаните од финалето на сезоната во Абу Даби, но беше откриено дека наодите нема да бидат објавени до 18 Март, првиот ден од тренингот на отворањето на сезоната во 2022 година во Бахреин.

Сепак, Брандл е уверен дека Хамилтон ќе се врати за да постави уште еден напад за титулата број 8 во 2022 година.

Апсолутно не, јас не купувам ништо од тоа да бидам искрен.

Сигурен сум дека Тото беше прашан од Луис што прави во втска со тоа што се случило, Но Формула 1 е фантастично успешна за марката Мерцедес Бенз, додека Луис има 37 години и знаеме дека вози на својот врв, неверојатно се одлучни и конкурентни. поради сето тоа, сигурен сум дека Тој ќе се врати.

Мерцедес неодамна ги негираше разговорите дека е склучен договор меѓу нив и ФИА, поради што се откажаа од намерата да се жалат на трката во Абу Даби во замена за директорот на трката на ФИА, Мајкл Маси, како и шефот на ФИА за технички прашања за едноседи, Николас Томбазис да не се повеќе на своите позиции за сезоната 2022 година.

Без оглед на тоа дали има вистина во тоа, Брандл рече дека му е непријатно за идејата некој тим или возач да има таква контрола.

Малку ми е непријатно од тоа што тимот и возачот почнуваат да одредуваат кој што прави во контролата на трката или која било друга улога во Формула 1, тоа е опашката да го мавта кучето до одреден степен.

Да бев шеф на Формула 1 и мојот возач да дојде кај мене и ми рече дека не сакам повеќе да се тркам ако тој човек остане наоколу, веднаш ќе престанам да размислувам за контрола на трката и да мислам дали мојот возач ја изгубил својата мотивација.

Луис ќе се врати и ќе го притиска гасот уште посилно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ