Брандл за Фетел: Не верувам дека ќе се врати

Неколку поранешни Формула 1 возачи во минатото решија да се повлечат од спортот, а потоа се враќаа, но Мартин Брандл не смета дека и Ферел ќе го следи тој пример.

Германецот годинава потврди дека ја одработува својата последна Формула 1 сезона, а 299та трка која ја извозе во Абу Даби беше последна во неговата пребогата кариера со 53 победи и четири последователни шампионски титули.

Со 35 години, Себ е шест години помлад од најстариот возач на гридот, Фернандо Алонсо, а шпекулациите за неговата иднина стануваат се посилни, особено откако и самиот Алонсо паузираше пред да се врати во спортот лани.

Претходно повлекување па кам-бек имаа и Михаел Шумахер, Најџел Мансел и Алан Џонс, но Брандл не верува дека и Себ ќе го следи тој пример, туку смета дека Формула 1 е завршена работа за германецот.

се сеќавам на многу емотивно интринтервју со фернандо алонсо на гридот во абу даби во 2018 година кога тој се збогуваше од спортот, а сега потпиша нов двегодишен договор со кој ќе остане во спортот до крајот на 2024 година. но, јас гледам поинакви коментари и емоции од себ поради што мислам дека нема да се врати на гридот.

во едно интервју за германски весник тој откри дека би бил разочаран доколку се појави желба кај него за враќање што ќе значи неуспех затоа што нема да успее да го заврши она што го планира по формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ